Стручниот штаб на Тиквеш на семинар во Атина учи од Обрадовиќ, Лaсо, Итудис...

Стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Тиквеш е во Атина, каде што ги усовршува своите кошаркарски познавања на предавања на најдобрите тренери во Европа.

Тренерскиот тим на Тиквеш, предводен од Атанас Манев е на четири дневна посета на „Euroleague Head Coaches Board” клиниката во Атина, каде се следат предавањата големи тренерски имиња. 

На овој настан свои предавања ќе имаат Чави Пасквал, Пабло Ласо, Жељко Обрадовиќ, Шарунас Јасикевичиус, Димитрис Итудис, Јанис Сферопулос, Чус Матео и многу други.