ВИДЕО: Стрелниекс побрз од звукот на сирената за нова победа на Бросе Б. над Олимпијакос

Грчката екипа на Олимпијакос е сè подалеку од пласман во осумте најдобри екипи во овогодишното издание на Евролигата, откако синоќа на изненадување на љубителите на кошарката загуби од германскиот претставник Бросе Баскет со 72-71. За болката од овој пораз на грчкиот тим да биде уште поголема се потруди одличниот Јанис Стрелниекс кој со звукот на сиренета погоди за тројка која беше доволна за победа на неговата екипа. Се разбира дека овој потег беше прогласен за потег на вечерта во Евролигата.