Стрелба во „Младост“: Гостивар ја надигра Блокотехна!

Екипата на Гостивар забележа значајна победа во Првата кошаркарска лига и на домашен терен, во салата „Младост“, ја надигра Блокотехна (98-86).

Во еден дуел во кој не доминираа одбраните и паднаа голем број на поени, како победници изглегоа гостиварчани, кои имаа одличен шут кога беше најпотребно. Натпреварот се реши во третиот квартал, кога Гостивар експлодира и даде 32 поени, поради кои изгради солидна залиха пред влезот во последниот период.

Пет кошаркари завршија кај Гостивар со двоцифрен учинок, а најдобар беше Фустингер со 23 поени. Втор стрелец беше Шегариќ со „дабл-дабл“ од 19 поени и 11 скока, а поддршка беа Трајковски (15 поени), Тасовски (14 поени) и Костоски (13 поени). Кај Блокотехна, доминираше центарот Мијатовиќ со 27 поени.

Гостивар со оваа победа е на петтото место во Првата лига и останува во игра за пласман во Суперлигата. Блокотехна, пак, има скор 13-3 и е на втората позиција.