ВИДЕО: Страшната блокада на Рајт е потег на сезоната во Евролигата

Во екот на избирањето на најдобрите во Евролигата, навивачите гласаа и за потегот на сезоната во ова натпреварување. 

За најубав потег на сезоната беше одбрана блокадата на Мозес Рајт од Олимпијакос врз Јан Весели. Асот на грчкиот тим во третиот меч од серијата против Барселона монструозно го блокираше ривалот и ја испрати топката на трибините. 

Тој потег најмногу им се допадна на навивачите и го одбраа за најдобар во сезоната. Инаку, Олимпијакос ќе се бори за трофејот во Евролигата и ќе игра на завршниот турнир заедно со Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.