• Мартин Танасковски
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е прогласен за најдобар играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Ова е негово прво признание во тековната сезона, а вкупно осумнаесетто во кариерата, со што уште еднаш потврди дека е еден од најдоминантните играчи на својата генерација.
Јокиќ, кој е столбот на Денвер Нагетс, минатата недела бележеше извонредни бројки – во просек 31,3 поени, 11,3 скокови, 13,3 асистенции и две украдени топки по натпревар, при импресивен процент на шутирање од 69,6% од поле.
Под водство на Јокиќ, Денвер имаше совршена недела, оствари четири победи во исто толку натпревари. Тимот најпрво го совлада Сакраменто (130-124), потоа Мајами (122-112), Голден Стејт (129-104) и на крај Индијана (117-110). Во сите овие натпревари Јокиќ беше клучниот човек – организатор на нападот, најсигурна опција во нападот и лидер кој ги влечеше соиграчите кон нови победи.
Со овој импозантен учинок, српскиот ас не само што ги потврди своите МВП квалитети, туку уште еднаш го истакна Денвер како еден од најсериозните претенденти за шампионската титула. Во следниот натпревар, шампионот на НБА ќе гостува повторно кај Сакраменто Кингс, каде што Нагетси ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.









