• Горан Упале
Во натпреварот против Кварнер, кошаркарот на Сплит, Димејдџо Вигинс се најде во незгодна ситуација, откако над него се урна конструкцијата од кошот.
Кон крајот на првото полувреме, Вигинс направи забивање со две раце, по што ја повлече конструкцијата со себе. Американецот падна на подот, а таблата и обрачот завршија врз него.
За среќа, тој остана неповреден, по што соиграчите и противничките играчи му помогнаа да стане. Натпреварот беше прекинат додека не се поправи конструкцијата, при резултат 48:47 за Кварнер.

