• Горан Упале

Пол Џорџ заработи болна повреда на коленото на десната нога на натпреварот помеѓу неговиот Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити Тандер.
На пет и пол минути пред крајот на натпреварот тој остана долго да лежи на подот, држејќи ја повредената нога, а потоа со помош на персоналот на двата тима беше спроведен во соблекувалната.
Џорџ се повреди при еден доскок во битката за топка со Лугуенц Дорт. Ја фати топката, но незгодно доскокна и веднаш легна на паркетот. Засега нема информации за тежината на повредата, но дел од американските медиуми пишуваат дека со повредата на Џорџ е уништен сонот на Клиперси да ја освојат титулата оваа сезона.