• Горан Упале
Синоќешниот натпревар меѓу ФМП и словенечка Цедевита Олимпија во белградски Железник го одбележа тешката повреда на играчот на Цедевита, Жига Данеу. 22-годишниот Данеу по несреќен судир падна на глава и остана неподвижен на подот.
Во самиот финиш на средбата, Данеу се одрази високо во борбата за една топка, а при приземјувањето загуби рамнотежа и од голема височина паднал директно на глава. Лекарите брзо интервенираа, му го имобилизираа вратот и го префрлија во болница.
Bogi revež- Upam upam, da ni hujega. A tukaj biti optimist :( Žiga Daneu. pic.twitter.com/kBNL4DVGpw
— Gregor Sevšek (@gregsasevi) September 22, 2024
„Жига Дане е веќе во болница каде го чекаат сите потребни прегледи, ќе ве информираме за неговата состојба“, велат од Цедевита.
Бидејќи неговиот пад се случи на дваесетина секунди пред крајот на натпреварот, тимовите се договорија да не играат повеќе. ФМП славеше со 75-62.