Странците ослободени од мак-баскетот, може да има предвремен крај

Странските кошаркари кои настапуваат во македонскиот кошаркарски шампионат се ослободени и повеќето си заминаа дома поради коронавирусот и неизвесната ситуација во македонската кошарка.

Не се знае дали воопшто првенството ќе продолжи и како ситуацијата со вирусот ќе се развива во нашата земја, па затоа клубови како Работнички, МЗТ Скопје, Гостивар... ги ослободија странските кошаркари и им дадоа дозвола да си заминат дома.

Како, кога и дали ќе продолжи шампионатот ќе се разгледува на видео-конференција на која ќе заседават преставници на прволигашите.

Не е исклучена можноста „куќата на кошарката“ да прогласи крај на првенството и за првак да го круниса МЗТ Скопје кој е лидер во шампионатот.