• Зоран Мишевски

Ново коло и нова победа со троцифрен број на поени на еден наш женски кошаркарски тим. Веќе препознатливиот стил на игра им донесе лесна победа на кошаркарките од Крива Паланка против тимот на Патриот 2016 (106-63) за задржување на првото место на табелата во Првата А лига жени, со максимален ефект од седум победи на исто толку одиграни натпревари.
Без проблеми минаа и останатите екипи од водечкото трио. Вардар го испрати Пробаскет на дното на табелата нанесувајќи му го седмиот пораз со 86-54 додека Баскет Кам 2011 славеше во дербито од горниот дел на табелата против Бадел 1862 со 68-49.
Во Првата Б лига, лидерите на врвот на табелата, Спорт Тим Неготино и Струга 2009, продолжија со победничките серии. Струга 2009 го совлада Шкупи со 80-57, а Неготино славеше против Гостивар 2009 со 103-43. ГКК Охрид се пласира на третото место на табелата со победа против Риниа (69-42).
Прва А лига (ж)
Осмо коло:
Вардар – Пробаскет 86-51
Баскет Кам 2011 – Бадел 1862 68-49
Крива Паланка – Патриот 2016 106-63
Слободен; ЖКК МЗТ Скопје Аеродром
Прва Б лига (ж)
Осмо коло:
Струга 2009 - Шкупи 80-57
Спорт тим – Гостивар 2009 103-43
Охрид - Риниа 69-42
Слободен: Јан Бор