„Стотка“ на лидерот, Крива Паланка доминира со женскиот кошаркарски шампионат

Кошаркарките на Крива Паланка продолжуваат со успешните настапи во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија. Во тој стил го одиграа и мечот против екипата на Бадел 1862, кој го решија во своја корист со 101-72.

Водечкиот „трилинг“ на лидерската екипа во првенството, повторно го имаше главниот, поентерски збор. Искомбинираа дури 91, од крајните 102 поени за екипата од Крива Паланка. Робинсон дојде до 34 поени, Алексовска постигна 31, а Меклејни имаше 26. поени.

ЖКК Вардар беше подобар од Патриот 2016, на домашен терен стигна до убедлива победа со 76-54. Селцова постигна 19 поени кај ЖКК Вардар, Тасевска и Начевска имаа по 11, а Зафировска и Пислевска постигнаа по 10 поени. Рашова и Ангеловска имаа по 17, а Атанасовска уште 12 поени за тимот од Делчево.

Во последниот натпревар  од ова коло, по кое следува првенствена пауза (ќе се играат квалификациите од Купот на Македонија), екипата на Баскет кам 2011 беше убедлива против МЗТ Скопје Аеродром. Славеше екипата од Македонска Каменица со високи (90:49). Димова беше прв стрелец на натпреварот, даде 22.поени, а двоен број на поени во домашната екипа имаа и Максимовска која даде 17. поени, репрезентативниот двоец, Поп Димитровска и Кметовска имаше по 15, додека во гостинскиот тим, по 13 реализации имаа Митева и Карајовановска.   

Прва А лига (ж)
Седмо коло:     

Баскет кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром    90-49
ЖКК Вардар – Патриот 2016  76-54
Крива Паланка – Бадел 1862   101-72
Слободен: Пробаскет 

Прва Б лига (ж)
Седмо коло:

Гостивар – Струга 2009   50-53
Спорт тим – Риниа            94-55
Охрид – Јанбор      81-41
Слободен: Шкупи