• Мартин Танасковски
Кошаркарскиот тим на Валенсија игра одлично на стартот на сезоната во Евролигата и не знае за пораз на стартот заедно со Панатинаикос. Тимот оствари нов триумф дома, а во публиката имаше познат лик.
Столе Димитриевски, голманот на Валенсија, од први редови го следеше успехот против Хапоел Тел Авив. Еден од главните играчи во триумфот на Валенсија беше играчот со македонски пасош Ти-Џеј Шортс, кој диригираше и беше лидер на својот тим.
Димитриевски се подготвува и за кам-бекот на клупскиот фудбал по обврските со Македонија. Валенсија во ова коло во Примера гостува кај Расинг Сантандер.










