Стојановски: Важна победа за Македонија!

Капитенот Војдан Стојановски заедно со Ричард Хендрикс ја носеа Македонија до триумф на гостувањето кај Словачка, а по средбата, еден од лидерите на оваа репрезентација истакна дека освоени се важни бодови во битката за пласман во квалификациите за ЕП 2021.

„Ова е важна и голема победа за нас, одигравме одличен натпревар, особено во одбраната. Во второто полувреме ние пропуштивме некои отворени шутеви, но сепак на крајот успеавме да победиме. Најважна за нас во моментов е победата која беше посакувана“, изјави Стојановски.

Одличниот шутер мечот го заврши со 20 постигнати поени, 6 асистенции и 3 скока.