Војдан Стојановски по една година го напушти Олденбург

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, во следната година ќе има нов клуб, откако денес се раздели со германскиот бунделигаш Олденбург. Оваа информација попладнево ја објави самиот клуб, кој најави дека за краток период ќе ја официјализира замената за нашиот кошаркар. 

31-годишниот бек повеќе од осум години се натпреварува надвор од македонските граници. По една сезона одиграна за Фени Индустри, ги бранеше боите на Реал Бетис, Морабанк Андора, Бујукчекмеџе, Алба Берлин, Шахтер Доњецк и Черкеши Медведи. 

Познавајќи ги неговите квалитети, како и професионалниот пристап кон кошаркарската игра, несомнено за краток период ќе пронајде нова средина каде ќе ја продолжи својата богата кариера.