Стојановски; Оваа слика е реална - многу работа е пред нас

Селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, по последниот натпревар на Европското првенство и поразот од Бугарија во мечот за 13. место, го оцени настапот на своите избраници, посочувајќи ги причините за денешното издание, но и потребата од сериозна работа во периодот што следува.

„Денес не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти бевме недисциплинирани, а тоа на ова ниво не смее да се случи. Повторно имавме многу грешки и не е добро вака да се презентираме“, вели Стојановски.

Сепак, селекторот смета дека целокупната слика од настапот на првенството е реална, особено ако се земат предвид ограничувањата со кои се соочуваше тимот.

„Мислам дека оваа слика е реална. Ние во групната фаза игравме на максимум. Имавме и лоши моменти, тоа е нормално, но немаме длабока клупа која може да ги компензира тие работи.“

За крај, Стојановски ја потенцираше потребата од континуирана работа со оваа генерација> Многу работа е пред нас!

Македонија го завршува настапот на Европското првенство во дивизијата Б на 14. место, по денешниот пораз од Бугарија.