Стојановски: Дуелот со Естонија е битен, се надеваме на добар здравствен билтен

Кошаркарската селекција на Македонија ќе ја одржи првата прозивка и тренинг пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Нашиот состав е во група со Естонија, Италија и Русија, па по долго време има шанса да се најде на европскиот самит.

<<< ПОВРЗАНО - Тодоров: Одбраната ќе биде клучна, мораме да ја сопреме Естонија да не даде 90 поени

<<< ПОВРЗАНО - Гечевски: Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија

Пред тренингот на прес-конференција се обрати капитенот на репрезентацијата, Војдан Стојановски кој изјави: 

„Денес започнуваме со тренинзи, мислам дека имаме доволно време да се спремиме за Естонија. Натпреварот со нив е многу битен за нас, имаме и пријателска средба, но мислам дека е најважно сите да останеме здрави за дуелот. Јас се чувствувам добро, тренирам од декември. Ми одговараше По Ортез, бидејќи игравме на два фронта, па за еден месец одиграв десетина натпревари.

Македонија ќе тренира во Скопје, каде што во A1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го игра првиот натпревар против Естонија, на 20 февруари со почеток од 20:15 часот.