Стојановски: МЗТ ќе го даде најдоброто од себе кај Мега

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје игра дуел од голема важност во АБА-лигата. Аеродромци гостуваат кај Мега Бемакс, еден од директните конкуренти за опстанок, а Дамјан Стојановски, кошаркарот на „штрковите“ ветува голема борба и покрај сите проблеми со кои се соочува тимот.

„Секогаш е тешко да се игра против Мега Бемакс, тим кој игра брза и агресивна кошарка. На нас е да одиграме онака како што ќе се договориме пред средбата и ако го испочитуваме кажаното од тренерот тогаш ќе може да се надеваме на поволен резултат. Нема да биде лесно, бидејќи и понатаму сме со ослабен ростер. Но, тоа нема да значи дека нема да го дадеме максимумот и нема да пробаме со пожртвуваност и борбенст да дојдеме до посакуваниот резултат“, изјави Стојановски.

Дуелот меѓу Мега Бемакс и МЗТ Скопје се игра вечерва од 20.00 часот во салата „Пинки“. Македонскиот тим е на дното и само победа може да го остави во поголема игра за опстанок во регионалното натпреварување.