Стојановски: Моравме да ги поправиме грешките во одбраната, доколку сакаме победа во Сомбор

Кошаркарите на Пелистер го одработија единствениот тренинг во Сомбор пред утрешното соочување со Џокер во рамките од четвртото коло во АБА2 лигата. 

Пред две седмици двете екипи се судрија во Битола и во драматична завршница минимална победа извојуваа гостите од Србија. Лука Стојановски верува дека грешките од првиот натпревар нема да се повторат и дека се спремни за победа во Сомбор.

„Моравме да ги поправиме грешките во одбраната и да не дозволиме да примаме толку лесни кошеви. Исто така треба да ја подобриме и ротацијата, доколку сакаме успех на овој натпревар. Во првиот дуел имавме проблеми со скокот, па треба и тука да се поправиме. Сè друго е на линија и не треба да излеземе на терен со желба и се надевам дека ќе победиме. 

Кошарката е убав спорт, кој многу го сакам, па тренинг процесот не влијае многу на играта. Најголем проблем ни е главата“, рече Стојановски.

По три одиграни кола Џокер има максимален скор, додека Пелистер по стартната победа запиша два порази.