• Саше Љолес
Искусниот Војдан Стојановски и неговиот МЗТ Скопје имаат нов јадрански предизвик, а тоа е натпреварот од второто коло во АБА2 лигата против Цедевита Јуниор.
Братот-близнак на Дамјан Стојановски вели дека ривалот е млад и полетен, но верува во успех на својот тим и најави голема борба на следниот меч.
„Цедевита е млада екипа, полна со талент. Тие трчаат многу добро и сакаат да играат брза кошарка. Мораме да прикажеме свежа енергија и да бидеме борбени во одбраната. Ако сме солидни во дефанзива, тогаш ќе можеме да се надеваме на успех во Загреб“, изјави Стојановски.
„Металците“ пристигнуваат во хрватската престолнина мотивирани по триумфот над Теодо во првото коло. Мечот против Цедевита ќе се одигра на 10 октомври, со почеток во 18:00 часот.






