Стојан Ѓуроски ги засили „соколите“

Кошаркарскиот вицешампион Карпош Соколи од денеска има еден македонски репрезентативец повеќе во својот ростер, откако потпиша едногодишен договор со Стојан Ѓуроски.

Станува збор за крилен кошаркар, кој минатата сезона настапуваше за екипата на МЗТ Скопје. Гостиварчанецот има настапувано уште и за Работнички, Кожув и за бугарски Левски, а зад него е и четиригодишен престој во таборот на универзитетот Луизијана тек од НЦАА-лигата.

Пред Ѓуроски, во редовите на Карпош Соколи кој ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите пристигна и Џејлон Браун од САД.