• Иван Димовски
Центарот на Хјустон Рокетс, Стивен Адамс, ќе остане дел од тимот и во наредните сезони, откако постигна договор за продолжување на соработката со клубот од Тексас. Искусниот кошаркар од Нов Зеланд потпиша нов тригодишен договор вреден 39 милиони долари.
Адамс беше значајна фигура во тимот минатата сезона, во која Хјустон беше елиминиран во првото коло од плеј-офот, по драматична серија од седум натпревари против Голден Стејт.
Во редовниот дел од сезоната, искусниот центар просечно бележеше 3.9 поени, 5.6 скокови и 1.1 асистенција по натпревар. Иако бројките не се импресивни, токму неговата цврстина и одбранбени квалитети беа пресудни за да добие нов богат договор и да остане дел од проектот на Рокетси. Адамс е дел од Хјустон од 2024 година.