Стив Кер ќе добие шанса да го води „дрим-тимот“ на САД

Кер

Предводникот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, се наоѓа на чекор од нова работа, која ќе му овозможи да го преземе селекторското место во кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.

56-годишникот беше помошник на Грег Попович на изминатите Летни Олимписки Игри во Токио. Поранешниот шампион со Чикаго Булс ќе има можност да ја збогати исклучителната кариера, со неколку успеси на репрезентативно ниво.

Кер моментално е тренер на „воините“ од Голден Стејт, каде работи од 2014 година.