Стевановиќ го потопи Гостивар, деветти суперлигашки триумф за Куманово

Екипата на Куманово успеа да го надигра Гостивар со добра игра во второто полувреме и славеше победа со конечни 90-75 во натпреварот од седумнаесеттото коло на македонската кошаркарска Суперлига. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и Гостивар: 

Во првиот дел двете екипи одиграа по една добра четвртина, а на паузата резултатот гласеше 47-42. Гостивар ја доби и третата четвртина во своја полза, но Кумановци отворија одлично во последниот период и со серија од 11-0 ја истакнаа кандидатурата за бодовите. 

Гостинскиот тим се обиде да се врати и да внесе неизвесност во финишот, но остана без сили за изненадување кај мотивираниот домаќин.

За кумановци ова е деветта победа сезонава, а најдобар поединец во нивниот состав беше одличниот Андрија Стевановиќ со дури 30 постигнати поени. На спротивната страна, 22 поени уфрли Јован Црниќ.