ВИДЕО: „Стејплс Центар“ одушевен од Леброн - „кралот“ со шутерска егзибиција против Сан Антонио

Леброн СА

Во дербито на Западот, ЛА Лејкерс го победи Сан Антонио на крилата на феноменалниот оваа сезона, Леброн Џејмс.

Неговата игра во првата година во Калифорнија покажува зошто „кралот“ е најдобриот кошаркар на денешницата. Изминатата вечер му припадна нему и на неговото шутерско издание во последната четвртина, во која постигна 20 од вкупно 42 поени на мечот.

За него немаше одговор одбраната на Спарси, кои своевремено користеа тактика да го оставаат да шутира од линијата за три поени. Но, ниту тоа не им помогна да го избегнат поразот, кој ги смести на претпоследното место на Западната конференција.