Стефан Митрев останува во вториот тим на МЗТ и во новата сезона

Младиот македонски репрезентативец Стефан Митрев нема да менува средина и ќе остане во тимот на МЗТ Скопје Уни Банка.

Митрев, кој има 20 години и игра на позицијата крило, реши да го продолжи договорот со тимот од Аеродром кој и во следната сезона ќе игра во елитата, а ќе има и нов тренер во името на Борче Даскаловски.

Претходно, договорот со МЗТ Скопје УБ го продолжи и Борјан Стојановски.

Митрев во изминатата сезона одигра осум натпревари за младите „штркови“ и на истите во просек одигра по 12,6 минути, за кои забележа 3,2 поени и 1,7 скока.