Стефан Јовиќ потпиша за Панатинаикос

Српскиот кошаркар Стефан Јовиќ потпиша за Панатинаикос до крајот на сезоната, со опција таа соработка да биде продолжена на уште една година.

Плејмејкерот последниот ангажман го имаше во Химки, клуб за кој минатата сезона во Евролигата имаше просек од 4,4 поени, 3,8 асистенции, два скока и една украдена топка.

Јовиќ кариерата ја започна во Слога од Краљево, потоа настапуваше за Раднички од Крагуевац, по што го облече дресот на Црвена Звезда, со која освои три титули во АБА лигата и во српското првенство.

Потоа играше за Баерн Минхен и Химки. Со српската репрезентација освои сребрени медали на Светското првенство во 2014 година, Олимписките игри 2016 и Европското првенство 2017 година.