Стеф Кари призна: „Сакав да одам во Њујорк, чекав Никси да ме одберат“

Стеф Кари моментално заздравува од фрактура на раката, поради што неговиот Голден Стејт тоне се подлабоко и во тековната сезона има само десет победи и дури 36 порази. 

Плејмејкерот беше избран на драфтот во 2009 година како седми пик од Вориорси, а самиот призна дека негова желба била да заигра во Њујорк. 

„Сакав да одам во Њујорк и мислев дека таму ќе завршам. Додека бев во зелената соба, вечерта на драфтот мислев само како ќе дојдам до осмото место и Никси ќе ме одберат. Тогаш дојде повик од Вориорси и ме одбраа како седми пик“, изјави Кари. 

Можеби подобро за него било што не му се исполнила желбата, бидејќи во Голден Стејт стана еден од најдобрите поентери во лигата. Исто така ја одбележа декадата со тимот, освојувајќи две МВП титули, а и трипати ја покорија НБА лигата, освојувајќи шампионски прстени.