Стеф Кари: Мајка ми носи дрес од Портланд, а аплаудира на моите кошеви

Дуелот на Голден Стејт Вориорс и Портланд Треил Блејзерс, кој се игра во рамки на финалето од Западната конференција донесе братски дуел, меѓу Стеф и Сет Кари. Првиот натпревар мина во одлична игра на двајцата, посебно на Стеф, кој даваше тројки и ги водеше „воините“ до стартен триумф.

Новинарите за него секогаш имаат интересни прашања, а овој пат, зборуваа со ѕвездата за неговото семејство и кој за кого навива додека играат двајцата браќа меѓу себе.

„Зборувавме во изминатите денови колку е посебно што ќе играме еден против друг. Надреално е да се случи тоа на вакво ниво. Моите родители фрлаа паричка кој ќе носи мој дрес, а кој на брат ми. Кој и да постигнеше поен, тие аплаудираа. Кога ја прашав мајка ми „ти за кого си?“, видов дека дава аплауз на секој мој кош, но е во дрес на Портланд. Кога го гледам тоа, се навраќам на детството кога игравме кошарка во дворот. Ова ќе биде сезона и серија за паметење“, изјави Кари.

Вториот меч од финалната серија на Западот се игра вечерва, во 3:00 часот по полноќ.