Стартува 69-от „Ол-Стар“ викенд: Сè ќе биде во знакот на починатиот Коби

Викендов во САД ќе се одржи 69 издание на популарниот „Ол Стар“, кој оваа година се одржува во „Јунајтед Центарот“ во Чикаго. Овој настан ќе се прости од Коби Брајант, кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Кулминацијата на настаните се очекува ноќта в недела кон понеделник, кога со почеток од три часот започнува дуелот меѓу Тим Леброн и Тим Џианис. Овој пат, наместо стандарден натпревар од четири четвртини по 12 минути, ќе се изменат правилата во чест на трагично загинатиот Коби Брајант. 

Првите три четвртини ќе бидат стандардна должина, но секоја од нив ќе почнува од резултатска нула, а на по крајот на трите ќе се пресметаат поените. Четвртата ќе биде без временско ограничување, а ќе се постави резултат кој ќе треба да се достигне. Резултатот ќе се одреди според бројот на поени од водечката екипа плус 24, во чест на Брајант. 

Стандардно ќе се одржат и низа настани кои ќе му прехтодат на главниот меч. Вечерва ќе се одржат дуели меѓу познати личности во САД, како и мечот на дебитантите во лигата. 

Утре се очекува целовечерен спектакл, на кој ќе се натпреваруваат играчи во „скил“ дуел, шутеви за три поени и атрактивно забивање. 

Освен на главната „Ол Стар“ средба, НБА лигата оранизираше голем број на почести кои ќе се оддадат во различни сегменти кон легендата Коби Брајант.