Старт на 35. шампионат на Македонија: Може ли некој да го запре МЗТ?

Ден порано од предвиденото, вечерва, со дуелот во кој се среќаваат актуелниот шампион, МЗТ Скопје и екипата која беше нивниот прдизвикувач во Супер Купот „Драган Василов-Цевка, МКК Куманово, ќе стартува 35. по ред, шампионат на Македонија.

Од 19.часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, ќе биде означен почетокот на новата сезона во најквалитетното клупско натпреварување во нашата земја, кое за разлика од претходните, ќе се (од)игра во малку поинаков систем за натпреварување. Десет екипи, три фази и една шампионска титула: Супер лигата влегува во нова битка

Нова сезона, нов систем и уште поголем влог. Десет екипи ќе ја започнат трката во МТЕЛ Супер лигата 2026/2027 со јасна цел – да стигнат до самиот врв и да се борат за шампионската титула. Првиот дел носи 18 кола и по 18 натпревари за секоја екипа, по што лигата ќе се подели на Топ-6 и Плеј-аут. Најдобрите шест ќе продолжат во борба за позициите кои водат во плејофот, додека екипите од 7. до 10. место ќе водат своја битка за опстанок.

По завршувањето на Топ-6 фазата, најдобрите четири ќе обезбедат место во полуфиналето, каде преку серии до три победи ќе ја продолжат трката кон големото финале. Завршницата ќе донесе директни дуели, домашен терен и борба за секоја победа, сè до моментот кога ќе биде познат новиот шампион на Македонија.

Во Плеј-аутот, пак, секој натпревар ќе носи дополнителна тежина. Десеттопласираниот тим директно ќе испадне од оваа конкуренција. Календарот е подложен на промени, условени со настапите на екипата на МЗТ Скопје Аеродром во ФИБА Еврокупот и АБА 2 лигата, односно ТФТ, исто така во АБА2 лигата.