Стан ван Ганди ќе ги води Вилијамсон и Бол во Њу Орлеанс Пеликанс

Алвин Гентри повеќе не е тренер на Њу Орлеанс Пеликанси, а оваа НБА франшиза ќе добие нов предводник. 

Се работи за искусниот Стан ван Ганди, кој во наредните четири сезони ќе ја води екипата на Њу Орлеанс. Ван Ганди ќе работи со млад и перспективен тим на играчи, каде веќе е Зион Вилијамсон (поранешен прв пик на драфтот), а ќе биде одбран и Лонзо Бол на овогодинешниот НБА драфт. 

Досега, овој искусен стручњак работеше со Мајами Хит, Орландо Меџик и Детроит Пистонс, а досега има позитивен скор од 523 победи и 384 порази во регуларна сезона, како и 48 победи со 43 порази во плеј-оф пресметки. Најголем успех на Ван Ганди досега, беше финалето во НБА каде го водеше Орландо во 2009 година.