• Саше Љолес

Плејмејкерот на кошаркарскиот прволигаш Пелистер, Бобан Стајиќ, го најави вториот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија против Работнички и вети голема борба за победа и „брејк“ на теренот на домаќинот.
Битолчани загубија на првиот меч во Скопје, но Стајиќ верува дека неговиот тим има квалитет за мал подвиг и победа на жешкиот терен кај тимот со најмногу шампионски титули во Македонија.
„Нема простор за паника, одиме со ладни глави во Скопје и ќе се обидеме да направиме брејк во серијата со Работнички“, изјави Стајиќ за клупската фејсбук-страница на „зелено-белите“.
Пелистер мора да победи во Скопје ако сака со израмнет резултат да ја пресели серијата во Битола, каде сигурно ќе има огромна поддршка од навивачите за евентуален пласман во полуфиналето од плеј-офот во Првата македонска лига.
Вториот натпревар помеѓу Работнички и Пелистер ќе се одигра на 27 април со почеток во 19:00 часот.