Стајиќ: Македонија не припаѓа во овие претквалификации

Бобан Стајиќ доби минутажа во дресот на Македонија на дуелот против Словачка и ја оправда. Плејмејкерот по дуелот и победата на националниот тим истакна дека кошаркарите покажале добра игра, а за Македонија вели дека не ѝ е местото во овие претквалификации.

„Најпрво би сакал да им се заблагодарм на сите што беа во салата и не поддржаа. Голема победа за нас, штета што не беше со уште поголема разлика. Се покажавме на ниво, Македонија не припаѓа во овие претквалификации, но мора и ова да го пребродиме. Сега се фокусираме на наредниот натпревар со Швајцарија кој е за нас последен во овој циклус“, изјави Стајиќ на прес-конференцијата.

Последниот дуел против Швајцарија нашиот национален тим го игра во јунскиот прозорец, на гостински терен.