Стадемаер се врати во Израел и потпиша едногодишен договор со Хапоел Ерусалим

33-годишниот Амаре Стадемаер по едногодишна пауза повторно се враќа во израелскиот Хапоел од Ерусалим, каде што настапуваше во сезоната 20016/17. Клубот од Ерусалим објави дека постигнат е договор на една сезона и во текот на денот, откако ќе ги мине лекарските прегледи Стадемаер ќе биде претставен во старо-новиот клуб.

Американецот во својата претходна епизода во Хапоел постигнуваше по 12,8 поени и 6,6 скока во Еврокупот.

Пред да дојде во Европа, Стадемаер во НБА лигата настапуваше за Феникс, Њујорк, Далас и Мајами. Тој шестпати играше на „Натпреварот на сите ѕвезди“, беше дебитант на годината во 2003 година, а со Хапоел го освои израелското првенство и Лига Куп.