• Саше Љолес

Високиот српски кошаркар, Бобан Марјановиќ, официјално потпиша нов едногодишен договор со екипата на Хјустон Рокетс. Центарот веќе има 35 години, но уште е „мета“ на НБА клубовите кои сакаат да го имаат во својот ростер.
Токму „рекетите“ беа тие што му понудија продолжување на соработката, а договорот предвидува плата од еден до три милиони долари. Целата сума не е гарантирана и ќе зависи од перформансот на Марјановиќ, но сепак, тој ќе има загарантирани 1,2 милиони долари по истекот на сезоната.
Бобан Марјановиќ веќе девет сезони настапува во НБА лигата и собра огромно искуство од најсилното натпреварување во светот. Кошаркарот кој е висок 224 сантиметри настапуваше за Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, Филаделфија и Далас.