ВИДЕО: Српскиот џин го уништи најскапиот центар, Вашингтон го изненади Бруклин во меч со „300“ поени

Кошаркарите на Денвер Нагетс со резултат 128-117 извојуваа херојска победа над Јута Џез, лидерот на Западната конференција во НБА лигата, а центарот на домашниот тим, Никола Јокиќ одигра една од најдобрите партии во најсилната лига во светот.

Центарот на тимот од Колорадо го „уништи“ директниот ривал Руди Гобер, човек пред пред извесен период потпиша петгодишен договор со „џезерите“ во вредност од 205 милиони долари, и со постигнатите 47 поени за 36 минути на теренот, ја одбележа вечерта во НБА лигата. 

  • Поените на Јокиќ против Јута:

Јокиќ шутираше 17/26 од игра, 4/4 за три (сите во првото полувреме), 9/10 слободни фрлања и додаде уште 11 скока, пет асистенции, две украдени и три загубени топки и една блокада. Со овој скор најдобриот играч на Нагетси го запиша својот 20-ти „дабл-дабл“ учинок на 20-от натпревар оваа сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

Резултатска неизвесност немаше во ниту еден момент во салата во Денвер. Екипата на Мајк Мелоун ја доби првата четвртина со 43-29, а Јокиќ веќе имаше 22 поени на контото по воведните 12 минути, што беше само најава за историската ноќ. 

Екипата на Вашингтон Визардс конечно им стави крај на лошите партии и резултати и по подолго време ги израдува своите фанови со победа во НБА лигата. Претпоследниот тим на табелата во Истокот во луд меч од скоро 300 поени славеше голема победа над ѕвездениот тим на Бруклин Нетс со 149-146.

Вестбрук со 41 и Бил со 37 беа најдобрите кошаркарки во таборот на победничкиот тим, додека кај Бруклин се истакна Дурант со 37 и Харис со 30 поени.