• Саше Љолес
Филип Петрушев дефинитивно ја завршува својата етапа во НБА лигата. Српскиот центар добива отказ од Сакраменто Кингс и многу наскоро се враќа на стариот континент, каде има понуди од неколку Евролигаши.
Новинарот Андреј Војнаровски објави дека Кингс ќе го отпуштат Петрушев, но играчот добро ќе го наплати својот престој кај нив, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се наведува дека е грчки Олимпијакос. Гигантот од Атина веќе најави дека му нуди одлични услови на високиот кошаркар и тој наверојатно деновиве ќе приситигне во грчката престолнина.
Петрушев летово смени дури три клуови во НБА лигата, најпрво пристигна во Филаделфија, потоа замина во Клиперс, а на крајот беше „трејдуван“ во Сакраменто, каде одигра само два натпревари. Беше јасно дека стручниот штаб нема да смета на неговите услуги, по што центарот реши да се врати во Европа.
Олимпијакос би добил исклучително квалитетно засилување во играта под кошевите и со Петрушев во составот сигурно ќе има шанса одново да се пласира на завршниот турнир, каде минатата сезона загуби во финалето од Реал Мадрид. Српскиот кошаркар кариерата ја започна во Црвена Звезда, а играше уште и за Анадолу Ефес од Турција.