• Иван Димовски
Кошаркарите на Србија го загубија финалето на Мундобаскетот од Германија (83-77) по голема борба во Манила. Иако амбициите пред турнирот не беа така високи, Србите беа разочарани по поразот во финалниот натпревар.
На прес-конференцијата по мечот освен селекторот Светислав Пешиќ, се појави и Алекса Аврамовиќ. Тоа што го зборуваше кошаркарот на Србите остана во сенка, поради една комична ситуација. Еден германски новинар му постави прашање на Аврамовиќ на својот јазик, а неговата реакција го обиколи светот.
Аврамовиќ беше во шок од прашањето на германски и зачудено гледаше кон новинарот кој му го постави, па така насмеа многумина.