• Иван Димовски
Српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ е доживотно суспендиран од спортот, објави ФИБА.
Причина за суспензијата се наведува дека е местење натпревари и обложување во текот на својата кариера. Ќирковиќ не е единствениот српски кошаркар кој е суспендиран поради истата причина, бидејќи во минатите години иста судбина имаа Пашајлиќ, Радоњиќ и Аврамовиќ.
Инаку иако има 27 години Ќирковиќ има богата кариера која кулминираше со настапите за шпанска Динамика, а играше уште за Земун, Вршац, Динамик, Дунав, Напредак, Слобода и Братунац.