Српски центар го засили КК Гостивар

Екипата на Гостивар донесе ново име во своите редови и го ангажира Ѓорѓе Џелетовиќ од Србија.

Се работи за 25-годишен центар, кој потекнува од кошаркарската школа на Партизан. Тој е висок 204 сантриметри, игра на позициите „четворка“ и „петка“ и се очекува да биде големо засилување за тренерот Марјан Србиновски.

Низ кариерата Џелетовиќ има уште настапувано и за Војводина, романски Феникс Галаци, литванска Талина Уликол, Слобода Тузла, Приморје и Варда Вишеград.

Претходно, на Гостивар на располагање му се ставија и Американците Браон Бреди.Донован Доналдсон.