Српски бек ново име во ростерот на Кожув

Македонскиот суперлигаш Кожув продолжува со засилувањата за новата сезона и официјално го претстави српскиот кошаркар Стефан Симиќ како нов член на тимот.

Станува збор за 30-годишен бек висок 193 сантиметри, кој во Гевгелија пристигнува со богато искуство стекнато на регионалната сцена.

Во текот на кариерата настапуваше за неколку познати клубови од Србија, меѓу кои Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а дел од својата кариера мина и во црногорска Сутјеска.

Симиќ зад себе има и значајно клупско достигнување, откако во 2020 година го освои Купот на Кошаркарската лига на Србија.