Србиновски: Тешко е да играш две натпреварувања со само седум играчи

Куманово од гостувањето во Бугарија кај Берое во рамките на првата средба од финалето се врати со тежок пораз од 29 поени (84-55). Тренерот на нашиот состав Марјан Србиновски истакна дека една од причините за овој резултат е уморот кај играчите и краткиот ростер.

„Тешко е да се игра во двe натпреварувања со само седум играчи. Бероа беше подобар од нас, но ние не требаше да си дозволиме да загубиме со толкава голема разлика. Не бевме доволно подготвени, бевме малку уморни и исто така немавме среќа. Доста шутови промашивме, не реализираве десет слободни фрлања и тоа беше премногу против Берое. Ќе се обидеме да се вратиме колку што е можно во реванш дуелот, каде што ќе се бориме жестоко за победа и тутулата“, изјави Србиновски.

Возвратната средбата во Куманово на програмата е следниот вторник со почеток од 19.00 часот.