Марјан Србиновски и следната сезона останува во најкошаркарскиот град

Марјан Србиновски, некогашниот македонски селектор, останува предводник на кошаркарската екипа на Гостивар и во иднина, соопштија од клубот.

Гостивар важи за најкошаркарскиот град во Македонија со оглед на посетеноста на натпреварите, а популарниот Марче останува тренер на тимот и во иднина. 

45-годишникот ја започна тренерската кариера во 2007 година како асистент, а во Работнички, Куманово, репрезентацијата на Македонија и Гостивар ги имаше првите сериозни предизвици.

Гостиварчани работат на случајот за наредната сезона, а покрај на домашната сцена, се борат и за учество на меѓународна сцена, поточно во АБА-2 лигата.