Србиновски: Не дојдовме во Бугарија со бело знаме, мора да го успориме Берое

Кошаркарите на Куманово вчера пристигнаа во Стара Загора, каде денес ги очекува првиот меч од големото финале на БИБЛ лигата протов домашниот Берое. Избраниците на Марјан Србиновски го имаа и последниот тренинг пред натпреварот. Кумановските „сино-бели“ нема да влезат во мечот со бело знаме, иако јасно го посочија Берое како фаворит во финалето. 

„Противникот има 10-11 играчи во ротација кои држат висок интензитет на игра, атлетски се добро спремна екипа, па ќе биде доста тешко. Мора да ги успориме и да ја одбраниме нивната игра во транзиција и нивниот офанзивен скок. Само така може да се надеваме на некој поволен резултат. Секој сака победа и ако биде некој пораз тоа да биде со помала разлика за да може да се обидеме во вториот натпревар пред наша публика да направиме пресврт. Верувам дека ќе се наполни салата, а тоа ќе не мотивира да одиграме најдобро што можеме“, изјави Марјан Србиновски.

Првиот финален натпревар се игра денес од 17.30 часот во Стара Загора, а реваншот е на 18 април во Куманово.