Србиновски ќе го менува Караџовски во Куманово

Јуниорскиот репрезентативец на Македонија, Дејан Србиновски е нов член на кошаркарскиот суперлигаш Куманово и ќе биде замена за Димитар Караџовски кој замина во Работнички.

Плејмејкерот во Куманово доаѓа од редовите на КК Вардар, а клубот продолжи со политиката да носи во своите редови потенцијални репрезентативци. Во салата „Спортска“ тој ќе го мине остатокот од сезоната.

Поради проблеми со документацијата, Србиновски ќе дебитира за Куманово на натпреварот против АВ Охрид на стартот на април.