Србиновски ја продолжи верноста со Гостивар на уште една сезона

Поранешниот селектор, а сега предводник на Гостивар, Марјан Србиноски заздравува од собраќајната несреќа и наскоро ќе се врати на терените и ќе го предводи Гостивар во сезоната 2019/20.

Тој потпиша нов едногодишен договор, со што клубот му ја искажа довербата.

„Имаме голема доверба во Србиновски, Оваа сезона покрај тренерската улога, ќе има улога и на менаџер и ќе ги координира сите младински селекции. Тој ќе ја координира нивната работа, со цел младите да ги подготвиме за сениорска кошарка“, велат од КК Гостивар.

Србиноски минатата сезона беше елиминиран од МЗТ Скопје во полуфиналето на плеј-офот на шампионатот на Македонија.