ВИДЕО: Јокиќ игра на МВП ниво – нов „трипл-дабл“ за триумф над Спарси

Никола Јокиќ со нов „трипл-дабл“ го одведе Денвер до славје против Сан Антонио од 121-119. Српскиот кошаркар игра на МВП ниво, а тоа го покажа одново со неверојатна партија и одлична игра во два правци. Спарси долго немаа решение за расположените Нагетси, но во завршницата се вратија во игра за добар резултат. Сепак, не успеаја да го изненадат фаворитот во „Бол Арена“. 

  • Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс: 

Дефинитивно најкорисен играч на теренот беше Јокиќ кој со 26 поени, 14 асистенции и 13 скокови имаше троен ефект, додека Поретер стигна до „дабл-дабл“ од 22 поени и 10 скокови. Кај Сан Антонио Вајт имаше 25, додека ДеРозан имаше 24 поени и 12 асистенции, а двоен ефект собра и Поелт со 13 реализации и 10 собрани топки под кошевите. 

  • Лос Анџелес Клиперс - Хјустон Рокетс: 

Хјустон немаше решение за Лос Анџелес Клиперс и во „Стејплс Центар“ загуби со 126-109. Гостите од Тексас беа рамноправен ривал само до пред полувремето, а потоа загубија чекор со екипата од Калифорнија. Со 31 поен, најпрецизен беше Кавај Ленард, додека Џексон постигна 26 поени. Кај Хјустон најпдобар беше Вуд со 23, пред Тејт со 18 поени. 

  • Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија 76ерс:

На останатите терени, Бостон ја доби супер-ефективната драма по продолжение против Минесота со 145-136, а по дополнителни минути славеа и Никси со Мемфис со 133-129. Гостински победи запишаа Индијана кај Орландо (106-111), Вашингтон со Голден Стејт (107-110) и Шарлот го шокира Милвоки (119-127). На домашен паркет Атланта беше подобра од Чикаго (120-108), а Њу Орлеанс триумфира со Филаделфика (101-94).