Србинките одиграа моќно против Франција и станаа европски шампионки!

Женската кошаркарска селекција на Србија се искачи на континенталниот врв. Во големото финале на Европското првенство во Франција и Шпанија, Србија одигра моќно против фаворизираната Франција и со победата од 54-63 приреди сензација и стана шампионки на стариот континент.

Избраничките на Маљковиќ не се уплашија од аутсајдерската улога, тргнаа квалитетно во вечерашното финале и уште од самиот почеток го презедоа водството, кое не го испуштија до последното огласување на сирената. Франција, пак, се мачеше со својот напад и реализира само 26 поени, што секако дека е премалку за еден финален натпревар. 

На спротивната страна, Србија ги казнуваше сите грешки на противникот и искусно го чуваше водството кое кон средината на третиот квартал достигна до максимални +17 (29-46). Сепак, европскиот вицешампион во финалните десет минути влезе со негатива од десет поени. Но, во клучните моменти не најде решение како да ја разбие играта на ривалот и заслужено златниот медал заврши рацете на Србинките.

Андерсон со 18 и Брукс со 15 поени беа најпрецизни во редовите на Србија, додека кај Франција се истакна Вукосављевиќ со 15 реализирани поени.