Србинката Соња Васиќ е МВП на женскиот Евробаскет

Вторпат во историјата, женската репрезентација на Србија ја освои титулата на континенталните шампионати. Во големото финале кое се играше во Валенсија, Србинките ја совладаа Франција со 63-54)и го повторија успехот од 2015 година, кога против истиот ривал дојдоа до својата прва круна.

Српската репрезентативка Соња Васиќ е прогласена за најкорисна кошаркарка на Европското првенство.

Нејзината селекција го освои златниот медал, а таа си оди дома со МВП признанието. Во финалето против Франција постигна 12 поени, а шампионатот го заврши со просечен индекс 15 и и 18,6 поени по натпревар.

Заедно со неа, во идеалната петорка се најдоа уште Ема Месеман и Џули Олеман од Белгија, Џонкел Џоунс од БиХ и Енди Мијем од Франција.