Србин ќе го води Дубаи во АБА, но тоа нема да биде Пешиќ

Како што пишуваат српските медиуми, нов тренер на кошаркарскиот клуб Дубаи ќе биде поранешниот селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

Дубаи сепак се одлучил за српски стратег. Само што тоа не е Светислав Пешиќ како што долго време се прикажуваше во јавноста, туку Александар Ѓорѓевиќ.

Селекторот на кинеската репрезентација наскоро треба да биде промовиран во предводник на новоформираниот клуб кој следната сезона ќе се натпреварува во АБА лигата. Ѓорѓевиќ освои три сребрени медали како селектор на Србија, на Европско, Светско првенство и на Олимписките игри, а како селектор ја водеше и Кина.

Што се однесува до неговата клупска кариера, тој беше тренер на Армани, Бенетон, Панатинаикос, Баерн, Виртус и Фенербахче.